Видео: Слушнете го деби синглот на прилепската рок атракција High Start
Напишано од Unevski on Вторник, 21 Март 2017 21:41
По четири години постоење кои ги одбележаа со безброј настапи низ целата земја, прилепската рок атракција High Start деновиве го промовираше видео записот за својата прва песна, „Слободен“.
На спотот за песната која носи исклучително силна порака за себеспознавањето во светот во кој владеат искривени правила и норми работеше Христијан Конески, а истиот е снимен на повеќе локации во околината на Прилеп.
Музиката и аранжманот се на самиот бенд, текстот на песната е на Весна Малинкова Бабамова, додека аудио продукцијата е на Александар Шилоски.
Со „Слободен“, High Start го најавуваат и својот нов сингл, кој е увертира во деби албумот кој треба да се појави многу наскоро.