Денес, полуфинални натпревари на МНА Кожувчанка и Фени PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 18 Февруари 2017 10:56   

 

По очекувано убедливиот триумф над екипата на АВ Охрид од 112-69 и пласманот во полуфиналето на националниот куп, денес кошаркарите на Фени Индустри ги очекува дуел со актуелниот бранител на насловот, тимот на МЗТ Скопје кој синоќа славеше победа над Кожув со 83-72.


По суперкупот, ова е прв сезонски дуел помеѓу лидерот во домашното првенство, тимот на Фени и МЗТ Скопје кој има очајна сезона во АБА лигата. Лесниот натпревар со Охирд и дополнителните часови за одмор заедно со домашниот терен би требало да се предноста на тимот на Фени Индустри над МЗТ Скопје кој мораше да се помачи за да го „освои“ Кожув.


Почетокот на полуфиналната пресметка која ќе го даде вториот финалист е закажан за во 20 часот и 30 минути.


Покрај овој дуел, вниманието на кавадаречката јавност го привлекува и второто женско полуфинале помеѓу МНА Кожувчанка и екипата на Бадел 1862 кој започнува во 13 часот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov