Кавадарци доби нов рекреативен парк за деца PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 23 Јуни 2016 15:39   

 

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов го промовираше новиот детски рекреативен забавен парк кој општината го изгради во Урбаната заедница „Љубаш“.


Станува збор за урбанизиран простор со површина од околу 400 м2 во изведба на кавадаречката фирма „Урбан Инвест“. Реквизитите ги изработи исто така кавадаречка фирма специјализирана за изработка на справи за детски забавни паркови „ЗД Горан“. Вкупната инвестиција изнесува 1.100.000 денари, пари обезбедени од комуналната сметка на Буџетот на Општината.


Градоначалникот Панов во изјава за медиумите вели: „Ова е прв детски рекреативно забавен парк во кој справите наликуваат на оние војнички препреки, но прилагодени за возраста и физичката конституција на децата. Идејата ја добивме од нашите постети на градовите во Европа. При реализацијата настојувавме справите да бидат максимално безбедни, но во истовреме и ефикасни, притоа да одговорат на својата намена. Од она што можам да го забележам деновиве паркот е доста посетен, а концепцијата со задоволство е прифатена од децата“.


Toj најави дека деновиве за првпат во градот ќе биде предаден во употреба и рекреативен забавен парк за возрасни. Овој парк ќе се наоѓа во склоп на спортскиот центар „Јасмин“. Сите справи се по теркот на oние наменети за бодибилдинг, но прилагодени за отворен простор. Општината овој проект го реализира во соработка со кавадаречкиот „Ротари клуб“ кој е донатор на справите.


Овие два проекти се практично надополнување на претходните слични со кои од мај 2009 година до денеска општината има изградено 24 нови вакви објекти како во градот така и во селата од Општината, односно најмалку три рекреативни детски забавни паркови годишно.

 

Димитар Мурџев

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov