Објавен трејлерот за прикаската „Се врте ваа“ |
Речиси две недели по снимањето кое се одвиваше во селото Рибарци, Кавадион Продукција го објави и трејлерот од шестата епизода од серијалот „Кав’даречки народни прикаски“, која носи работен наслов „Се врте ваа“.
Снимањето на „Кав'даречките народни прикаски“ продолжува и викендов и тоа во селото Мајден. На ред е програмата „Записи на ѓаволот“ во која покрај кавадаречката екипа ќе видиме неколку гости, и тоа доајените на македонското глумиште Ќире Андоновски, Лазар Бараков и Стево Симски кој е и автор и на сценариото, додека режисерската палка овој пат ќе му биде доделена на Драган Вељановски.
|