Интервју со Теа Митрова PDF Печати Е-пошта

 

Теа Митрева, млада перспективна кошаркарка, а и идна репрезентативка. Теа освен што e дел од репрезентацијата, е член и на Бадел и на Кошаркарска академија која е во склоп на Спортска академија.


Мрежа: Кој беше мотивот да тренираш кошарка?

Теа Митрева: Најголем мотив ми беше љубовта кон спортот каде што се пронајдов јас. Почнувајќи од карате па ракомет за конечно да се пронајдам во кошарката. Со овој спорт и секојдневните тренинзи се чувствувам среќно и исполнето бидејќи сето ова го правам од љубов и голем мотив.


Мрежа: Каде ги започна првите чекори во кошарката и кој ти беше првиот тренер?

Теа Митрева: Првите чекори ги направив во мојот роден град Кавадарци заедно со тренерот Методија Каровски. Од него добив голема желба за кошарката и научив многу работи, а тој секогаш веруваше во мене и добив подршка за целосно да и се посветам на кошарката.


Мрежа: Ти си дел од спортската академија, кој се предностите да бидеш во дел од неа?

Теа Митрева: Веќе сум втора година дел од спортската академија и со секојдневните тренинзи и големата желба совладав и научив многу техники. Тоа е одличен проект и голема можност за талентираните спортисти.



 

Мрежа: Кој Ви се тренери во Академијата?

Теа Митрева: Во прва година имав чест да тренирам со тренерот Зоран Балов-Чоко. Од него научив многу работи кој сум сигурна дека ќе ми затребаат понатаму во мојата кариера. Моментално ме тренираат македонската кошаркарска ѕвезда Стојна Вангеловска и тренерот на клубот Шкупи, Енвер Мифтари. Чест и задоволство ми е да тренирам со вакви тренери бидејќи вложуваат многу во нас и сакаат да бидиме успешни спортисти. Сето свое знаење и искуство го пренесуваат на нас.


Мрежа: Кој е твој најголем успех?

Теа Митрева: Мојот најголем успех е што го носев дресот на мојата држава Македонија и бев учесник на европското првенсто каде што ги бранев со гордост боите на мојата татковина. Исто така учествував во Јадрандска лига и имав забележителен успех посебно за првата победа против Медвесќак со 21 поен. Исто така бев номинирама за најуспешен млад спортист на годината за кошарка во АМС.


Мрежа: Репрезентацијата и колку значи да си дел од нејзе?

Теа Митрева: Да бидеш дел од репрезентацијата е чест и голема гордост за мене како млад кошаркар да ја претстсвувам мојата држава. Искуството на толку значаен настан носи големи поени во понатамошната кариера, нови предизвици и многу познанства со млади кошаркарки од цела Европа. Најголемиот сон како и на секоја кошаркарка ми беше да бидам дел од македонската репрезентација и сонот ми се оствари, желбата и понатаму е иста и оваа година да продолжам и да ја претставувам Македонија.


Мрежа: Што ќе ги советуваш младите кошаркарки кои сега навлегуваат во кошарката?

Теа Митрева: Мојот совет е да веруваш во самата себе да си посветен на кошарката, никогаш да не потклекнуваме колку и да е играта лоша бидејќи вербата во себе е најголем мотив да го оствариш тоа што го сакаш. Напорната работа и редовните тренинзи ќе не доведат до достигнување на целта за успешна кошаркарка.

 

Габриел Мишевски

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov