Куќна помошничка

Куќната помошничка барала покачување на платата. Трпана се налутила и ја прашала:
- Добро, кажи ми причина зошто мислиш дека заслужуваш покачување?
- Не е една, него три причини.
- Добро, слушам.
- Прво, барам покачување затоа што подобро пеглам од вас.
... - Кој вика тоа?
- Па, вашиот маж, Трпе.
- Добро, друга причина.
- Подобро готвам од вас!
- Немој да ми кажеш дека Трпе го кажал ова?
- Токму така.
- Добро, а која е третата причина?
- Трета причина е што сум подобра љубовница од вас!
Трпана зацрвенета и вика:
- Немој да ми кажеш дека повторно ова го кажал Трпе?!
- Не госпоѓо, ова го вика вашиот градинар.
На ова Трпана враќа:
- Колку сакаш да ти се покачи платата?




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov