Инспирацијата за славното „македонско девојче“ наполни 50 години |
![]() |
![]() |
![]() |
Напишано од Unevski on Четврток, 04 Февруари 2016 18:24 |
![]() Македонското девојче по кое е настаната познатата истоимена песна на Јонче Христовски денеска слави 50 години. На јубилејниот роденден на македонското девојче - Невенче, нејзиниот сопруг, Зоран Росоманов направи реиздание на песната изведена во несекојдневен стил.
Создадена за истата личност, да потсетува на специјалните моменти, со вонвременски печат. Под велот на мистиката, а под закрила на љубовта, Росоманов собра тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја. Новата избедба на песната е во продукција и организација на Зоран Росоманов, текст и композиција Јонче Христовски, диригент Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски, а музички продуцент Будимка Имери.
|