Академците од „Про-бал Академи“ му посакаа Среќен Божиќ на Карло Враговиќ PDF Печати Е-пошта

 

Младите академци од академијата „Про-бал Академи“ од Кавадарци му посакаа Среќен Божиќ на нивниот идол, Карло Враговиќ.


Бекот на Фени денес беше присутен на тренингот на академијата со која раководи Атанас Димов, а претпоследното попладне во Кавадарци во оваа година го искористи за да се дружи, фотографира, но и да ги почести своите млади фанови и идни кошаркарски ѕвезди. Убавиот момент го искористивме и ние, и за да му посакаме Среќен Божиќ, но и да поразговараме со Карло за неговата друга, човечка страна.


www.kavadar4e.com: Карло, nајпрво Среќен Божиќ. Далеку од дома, далеку од твоето семејство, но ти дефинитивно имаш семејство и овде...


Карло Враговиќ: Па, веќе неколу пати и јавно напоменав дека Кавадарци е мој втор дом. Навистина така мислам. Кавадарци како град ми е при срце, и затоа се вратив тука. Едноставно, луѓето ме прифатија одлично, чуствувам како да ги знам некои луѓе цел живот, едноставно со голема радост се враќам во овој град.


www.kavadar4e.com: Минатата година беше иницијатор на донацијата во Домот за деца со посебни потреби, акција која потоа ја поддржа и целиот клуб, а денес си заедно со академците од „Про-бал Академи“ кои ти посакаа Среќен Божиќ.


Карло Враговиќ: Последните пет-шест години, сакам да ги задоволам луѓето. Божиќ е, време е на дарување, и јас мислам како спортист дека најмалку што можам е да предизвикам насмевка на лицата на луѓето. Тоа е мое хумано дело. Мислам дека сите спортисти се хумани луѓе, така да и јас сакам во оваа средина да направам нешто хумано. Од друга страна сакам и децата да се огледаат на нас, спортистите, да бидеме нивен пример на убаво однесување, хуманост и човечност.


www.kavadar4e.com: Но, ова не е се што правиш ти за заедницата. Речиси секогаш кога си во можност тренираш со помладите, го пренесуваш твоето знаење, искуство...


Нормално. Поминав многу, Аба Лига, Евро лига, и мислам дека е природно да го пренесам моето искуство и знаење. Сакам со совети да им покажам на младите како ја сум го достигнал сегашното ниво, како да му помогнам и тие еден ден да успеат, и дај боже да бидат подобри од мене. Јас на сите нив им „стискам палци“ и секогаш кога и да имаат потреба од било што, јас ќе им помогнам од се срце.


www.kavadar4e.com: Карло, за крај, твојата новогодишна желба?

 

Карло Враговиќ: На сите им посакувам здравје. Јас верувам дека сите работи зависат од нас, и само ако ни даде Бог здравје, можеме да направиме се.


www.kavadar4e.com: А титула за Фени?

 

Карло Враговиќ: Да, секако, тоа е мојата и минатогодишна желба, која време е да се оствари.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov