Погледнете го голот на Шиков

Кавадаречките фудбалски гордости, Ванче Шиков, Даниел Мојсов и Мики Петровиќ одиграа уште еден одличен натпревар во дресот на македонската репрезентација, и беа меѓу најзаслужните за високиот триумф од 4-1 во пријателскиот натпревар со Црна Гора.


Двајцата високи стопери, Шиков и Мојсов беа стартери кај новиот селектор Игор Ангеловски, а тоа им овозможи уште еднаш да покажат дека се извореден дефанзивен тандем, кој може да се справи со сечија навална линија. Од друга страна, нивното присуство на теренот е важно и при секоја уфрлена топка од аголот или по прекин, факт кој и синоќа го потврди Шиков кој одлично се снајде во противничкиот шеснаестерец и со својот четври гол во репрезентативниот дрес ја најави победата.


Кавадаречкото трио на теренот го комплетираше Петровиќ кој во 57мата минута го замени Тричковски.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov