Во недела започнува зимското сметање на времето PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 20 Октомври 2015 13:54   

 

Од недела, 25 октомври, започнува зимското сметање на времето. Вообичаено стрелките на часовниците ќе бидат поместени за еден час наназад, така што, три часот по полноќ ќе се смета како два часот.


Промените во сметањето на времето се прават во сабота и недела за да не се предизвикаат поголеми проблеми за работното население, а со цел да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.


Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. И покрај несогласувањата, денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov