Со транспарент и баклијада, организаторот на „Street Ball Ros” ја запроси својата девојката

 

Екипата на „Такси Ирена“ од Росоман си замина како победник од четвртото издание на турнирот во улична кошарка „Street Ball Ros”, Александар Гочевски како најдобар во шутирање тројки, Настовски Мики како миленик на публиката, а Томе Арсов со невеста.


На емотивен и романтичен начин, со транспарент и баклијада, организаторот на турнирот, го искористи моментот пред големото финале да ја побара раката на својата долгогодишна девојка, Марјана Стојанова.

 

 

Затоа што нема зборови со кои можеме да Ви го раскажеме најубавиот момент на Арсов и Стојанова, ќе Ви препорачаме само да уживате во видеото кое ќе Ви ги разнежни срцата, а на Томе и Марјана ќе им посакаме многу среќа и љубов во заеднички живот.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov