Ролинг Стоунс се враќаат во студио PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 22 Септември 2015 08:42   

 

Кит Ричардс, гитаристот на легендарните The Roling Stones, изјави во интервју за американско радио дека бендот има „дефинитивни планови“ за снимање нов албум, а истото го потврди и во разговорот за магазинот Rolling Stone.


Ричардс во интервјуто за iHeartRadio изјави дека членовите на групата неодамна се сретнале во Лондон и направиле дефинитивни планови за снимање нов албум, а тие планови ги елаборирал во новото интервју Rolling Stone.


„Новиот албум е сé поблиску. Сé уште не знам каде и кога... Разговаравме и рековме ‘Мораме во студио, зарем не? Добро? Тоа е договорено. Океј, момци, тоа е договорено’“, вели Ричардс.


Сепак, уште е отворено прашањето кога групата ќе почне да го снима новиот албум. „Вака, напамет, можам да кажам дека тоа ќе биде по турнејата по Јужна Америка во февруари. Но никогаш не се знае. Можеме да влеземе во студио и пред Божик, но се сомневам дека ќе биде така поради целата атмосфера околу Божик. Но дефинитивно е во план“, вели Ричардс во разговорот за списанието Rolling Stone.


Фронтменот на групата, Мик Џегер, претходно годинава изјави дека не е сигурен во нови албум на групата. „Тоа би било убаво, а јас имам купче нови песни коишто ги напишав во последните неколку години. Направив добри демо материјали за сите нив, и би сакал да ги снимам. Затоа, да се надеваме“, рече.


Стонсите не издадоа нов албум по оној од 2005 година под наслов „A Bigger Bang“. Последниот музички материјал го снимија за компилацијата „Grrrr!“, на која беа вклучени темите „Doom and Gloom“ и „One More Shot“.


Ричардс во моментов е ангажиран со промоцијата на неговиот соло албум „Crosseyed Heart“, кој ќе се појави во петокот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov