Гвардиола бил првиот пик на Фергусон |
Напишано од Unevski on Вторник, 22 Септември 2015 08:38 |
Во својата нова книга „Leading“, Шкотот вели дека имал средба со Пеп Гвардиола во 2012, и побарал од Шпанецот да го контактира кога ќе добие понуда од друг клуб. Но тоа никогаш не се случило, а Пеп Гвардиола се договори со Баерн Минхен и го превзеде кормилото на ’Баварците’ во 2013.
„Имав средба со Пеп Гвардиола во Њујорк во 2012, но не можев да му дадам конкретен предлог бидејќи во тоа време сеуште немав одлучено дека одам во пензија” – напиша Сер Алекс Фергусон. „Тој веќе имаше освоено огромен број на трофеи со Барселона, и јас имав голема почит кон него”. „Го замолив Пеп да ми се јави пред да прифати понуда од друг клуб, но тој не го стори тоа и подоцна потпиша за Баерн Минхен во јули 2013”.
Ферги, кој ги советуваше сопствениците на Манчестер јунајтед за тоа кој да биде негов наследник, исто така вели дека на листата со желби биле и Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, Јирген Клоп како и сегашниот менаџер на „Црвените Ѓаволи“, Луј ван Гал.
Манчестер јунајтед на крајот го назначи Дејвид Мојс за нов менаџер, стратегот доби шест годишен договор, но на жешкото столче на Олд Трафорд издржа помалку од 12 месеци. |