Највисокото градско признание годинава за Инел Интернационал и професор доктор Кирил Темков PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 08 Септември 2015 08:11   

Со изведба на македонската химна на Билјана Камчева со клавирска придружба на професор Драган Вељковиќ, Советот на општина Кавадарци ја започна Свечената седница со која го одбележа празникот на градот, Денот на ослободувањето, 7ми Септември.


Со седницата претседаваше претседателот Горица Пеливанова-Вилхелм, која ги поздрави присутните и им го честита празникот. Веднаш потоа во своето кратко експозе градоначалникот Александар Панов од името на сегашните генерации им се заблагодари на ослободителите кои пред 71 година ја донесоа слободата после долго време поробување. Потоа кратко се задржа на тековните проекти од комунален и урбанистички карактер кои се значајни за градот и Општгината, како што е проширување на сообраќајницата кон Росоман, превземањето на Градскиот стадион во владение на Општината и извршување на други активности.


Тој воедно пред присутните најави фронт за работа и ангажман на изградбата на нова детска градинка, изградба на Аква-Парк чија тендерска постапка е во процес, продолжување на изградбата на кејот на реката, изградба на НВО Центар која е во тек, лифтови за хендикепираните како прва општина во Македонија и завршување на реконструкцијата во неколку основни и средни училишта.


По обраќањето, градоначалникот Панов на сопственикот на компанијата „Инел Интернационал“, Душко Сапунџиев и проф.др Кирил Темков им ги врачи седмосептемвриските признанија.


Сопственикот на „Инел Интернационал“, Душко Сапунџиев, се заблагодари на Општина Кавадарци за големата награда и рече дека за него и менаџментот на компанијата ова е значајно признание.
„Без поддршката на семејство тешко ќе го остваревме досега создаденото, а се разбира овде се и сите вработени кои стручно ја обавуваат професионалната работа, рече Сапунџиев. Овде, додаде тој, многу ја ценам и подршката од граѓаните кои ни ја дадоа довербата која во ниту еден момент не ја изневеривме. Само со нив и за нив ние го постигнаваме успехот со кој се гордееме, и ќе продолжиме со вакво темпо и творечки дух“ - рече меѓу другото Сапунџиев.


Професор доктор Кирил Темков, во својот инспиративен говор се заблагодари за големата награда на Општина Кавадрци, при што ги потсети присутните на својот животен пат од Кавадарци во светот, на своите корени, на фамилијата Темкови кои се значајни чинители во македонската култура и уметност. Негова желба е неговата најнова книга посветена на етиката да ја промовира овде во Кавадарци и одовде да започне големото патување на моралот низ светот.


Инаку во културниот дел на програмата настапија одличните професори во ОМБУ „Лазо Мицев - Рале“ Бошков, Волчев и Јанев, како и оркестарот при гимназијата „Добри Даскалов“.


Марјан Димитров




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov