Ф1 Пилотите ја прифаќаат идејата за затворен копкит PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 07 Септември 2015 10:42   

 

Најдобрите возачи во Формула 1 начелно ја поддржуваат идејата за затворен кокпит, која е покрената по трагичната смрт на Џастин Вилсон на трка во Индикар серијата.


Вилсон пред две недели на трка во Индикар серијата се здоби со тешки повреди на главата, откако делови од друг болид го погодија во главата. Од здобиените повреди некогашниот Формула 1, Вилсон, подоцна почина.

„Мислам дека затворен кокпит е нешто што би можело да биде применето во иднина. Имавме премногу фатални несреќи“, рекол актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон.


„Доколку еден кокпит спаси еден живот, тогаш идејата е добра“, изјавил Фернандо Алонсо од Мекларен.


„Секогаш сум бил еден од оние кои се залагале за отворен кокпит, но повеќе тоа не е така. Многу работи ни се случија во помалку од една година. Загубивме неверојатни таленти на овој спорт. Се тркав со Џастин кога имавме девет години- бевме јас, Џастин, Ден Велдон и Ентони Дејвидсон – тоа беше тркање. Сега двајца од нас четворица не се повеќе меѓу живите поради повреди кои веројатно не би ги доживеале доколку имаа затворен кокпит.

Еден од ретките кој не ја прифаќа оваа идеја е Нико Хулкенберг од Форс Индија.


„Очигледно дека има многу работи за кои може да се расправа да имате свое „за“ и „против“. Според мене вакви трки треба да се возат со отворен кокпит. Кога одлучивме да се бавиме со овој спорт ги знаевме ризиците“, истакнал Хулкенберг.


Инаку смртта на Вилсон е последна во низата несреќи со смртни последици во изминатите неколку години на трките на болиди кои имаат отворен кокпит.

Возачот на Марусија Жил Бјанки почина во јули, девет месеци по страотната несреќа на трката за Големата награда на Јапонија.

Возачот во Индикар серијата, Ден Велдон, загина во 2011 година, кога неговиот болид имал судар, на патеката во Лас Вегас, а несреќниот возач со главата удрил во оградата.


Марија Де Виљота почина една година по несреќата која ја имаше при тестирањето на болидот на Марусија во Даксфорд. Во несреќата таа остана без десното око и се здоби со тешки повреди на главата, од кои почина една година подоцна.

Претходно возачот во Формула 2, Хенри Сартиз, синот на светскиот првак од 1964 година Џон, загина во 2009 година кога во главата го погодил предмет кој се откачил од друг болид.


Светската автомобилска федерација (ФИА) во текот на овој месец ќе изврши тестирања на потенцијалните решенија за затворен кокпит.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov