Со отворањето на изложбата „Склуптурата во Кавадарци“ започна „Тиквешкиот гроздобер“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 28 Август 2015 11:54   

 

Со свеченото отворање на изложбата „Скулптурата во Кавадарци“ чии автори се уметници од Кавадарци, денеска и официјално започна годинашното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.


Честта да ја прогласи изложбата, но и манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ за отворена ја имаше претседателот на Советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова - Вилхелм. „Почитувани сограѓани, чест и задоволство ми е во име на Советот и градоначалникот на Општина Кавадарци да ја прогласам изложбата за отворена, а со тоа и манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.


На изложбата „Скулптурата во Кавадарци“ која е поставена во градската Музеј галерија, се изложени 22 дела на 12 склуптори од Кавадарци, Пано Анѓушев, Мино Стојанов, Кирил Мукаетов, Диме Самарџиев, Гоце Давидов, Ранко Дакиќ, Елпида Хаџи-Василева, Соња Самарџиева, Иван Ковацалиев и Јован, Гоце, Ристе и Иго Јосифови.

 

<<<ФОТО>>>




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov