„Дрекслмајер“ ќе обезбеди бесплатни тренинзи за младите од спортската школа при СЦ „Јасмин“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 26 Август 2015 12:41   

 

Во рамки на својата општествено одговорна програма, компанијата „Дрекслмајер“ денеска постигна договор за спонзорирање со спортската школа на јавното претпријатие спортска сала „Јасмин“.


Според договорот кој е во висина од 300000 денари, компанијата „Дрекслмајер“ и спортската школа на јавното претпријатие спортска сала „Јасмин“ ќе им овозможат бесплатни тренинзи на младинските екипи во машка и женска категорија.


„Договорот со компанијата „Дрекслмајер“ ќе ни овозможи нас како спортска школа да им понудиме бесплатни тренинзи на членовите на младинската школа во кошарка во машка и женска конкуренција. Свесни сме дека во Кавадарци има многу таленти чии родители за жал сеуште не можат да им обезбедат финансии за непречено тренирање, па со овој потег на компанијата „Дрекслмајер“ ќе им помогнеме и на родителите и на децата“ - ни рече директорот на јавното претпријатие спортска сала „Јасмин“, Сашко Атанасов.


Благодетите од новиот договор идните кошаркари ќе ги почуствуваат веќе од 1 септември, кога и официјално започнуваат новите уписи во кошаркарската школа на јавното претпријатие спортска сала „Јасмин“.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov