Струмица Опен објави литературен конкурс на тема „Небо“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 31 Јули 2015 13:54   

 

По повод манифестацијата „Вечери на поезија“ која е во склоп на културно-уметничката, едукативна и забавна програма на четвртото издание на „Струмица Опен“, организаторите објавуваат литературен конкурс на тема „Небо“.


Услови на конкурсот:
1. Темата на творбата: НЕБО.
2. На конкурсот треба да се испратат најмногу 3 примероци од поетскиот текст во фонт Times New Roman, големина на текстот 12, проред 1,5
3. Со мејлот потребно е да се наведе точно име и презиме, адреса на живеење, датум на раѓање и телефонски контакт.
4. Рок за праќање на поезија е 3 август за млади и 4 август за возрасни.
5. Литературните творби се испраќаат исклучиво по мејл со контакт за авторот на адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


На темата НЕБО може да се пишува во две категории: за млади (до 21 година) и за возрасни (над 21 години).


Оние кои ќе ја поминат селекцијата ќе учествуваат на поетското читање на 8 и 9 август со почеток во 21:00 часот крај Езерцето во градскиот парк во Струмица.


Комисијата ќе одлучува за прва, втора и трета награда и во двете категории.
Најдобрите тројца ќе бидат соопштени и наградени за време на настанот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov