Еден месец пред Евробаскетот репрезентативците ќе добијат нов селектор |
|
|
|
Напишано од Unevski on Среда, 22 Јули 2015 13:51
|
Откако утринава селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Џикиќ сосема неочекувано доби отказ, македонската куќа на кошарката за многу кратко време го пронајде неговиот наследник.
Според „Македонски спорт“ Марјан Србиноски ќе биде новиот селектор на кошаркарите, додека во стручниот штаб ќе биде Заре Марковски, кој во моментов ја извршува функција спортски директор во МКФ.
Србиноски во националниот тим има искуство како помошник на Марин Докузовски и тоа во 2011 година кога Македонија го освои историското четврто место на Европското првенство во Литванија.
Се очекува во најскоро време од македонската кошаркарска федерација и официјално да го назначи Србиновски за нов селектор, бидејќи за еден месец стартува Евробаскетот, а веќе за 25 овој месец е закажана првата прозивка за стартот на подготовките.
|