„Вози, вози ме“ нов сингл на Борис PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 22 Јули 2015 13:27   

 

Борис Цветановски, момчето кое кавадаречката публика го запозна на второто издание на „Т'к Так Фест“ деновиве е актуелен со спотот за неговиот најнов сингл „Вози, вози ме“, кој ќе биде дел од неговиот деби-албум.


Зад видеото на песната „Вози, вози ме“ стои потписот на CUT Production од Битола, додека аудиото како и сите останати кои се наоѓаат на албумот е снимено во живо со проверени студиски музичари во студиото на Горан Милошевски кој воедно е и продуцент на сите песни на албумот.


Во продолжение, погледнете го спотот, со кој младиот кантавтор ја најавува големата промоција на деби албумот, на кој освен „Вози, вози ме“ ќе се најде и неговиот претходен сингл „Капка по капка“.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov