Македонскиот „DJ ZARKOTEACH“ реди успешни настапи во Малта PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 16 Јули 2015 12:27   

 

Нашиот „DJ“ од Македонија, ова лето престојува во Малта каде што веќе имаше неколку успешни настапи и овој викенд ке биде дел од еден од најголемите „Open Air“ фестивали во Малта, „Sliema Street Festival“. Тимот на 1.мк успеа да добие неколку минути со нашиот „DJ“.


1.мк: Жарко, најпрво како си и како е ноќниот живот во Малта?

Жарко: Фала на прашањето одлично се чуствувам, ноќниот живот овде можам да казам дека е на високо ниво, има доста евенти и фестивали, гостуваат многу странски диџеи, едноставно треба да се дојде и да се почуствува ноќниот живот во Малта.


1.мк: Епа ајде кажи ни кој познати музички имиња, имаше можност да ги слушнеш?

Жарко: Па видете од сите настапи на кои бев, би го издвоил настапот на „Guy J“ кој е еден од моите омилени, како и „TECHNASIA“, „TODD TERRY“, „ANJA SCHNEIDER“, „ROBERT BABICZ“, „DUKE DUMONT“, и „ROUTE 94“.


1.мк: Жарко, каде имаш настапувано до сега и кои се твоите следни настапи?

Жарко: До сега настапував во „GIANPULA – GROOVE GARDEN“ каде што добив голема подршка од публиката и се здобив со нови фанови и во благодарност ќе настапувам повторно на 1 Август. Викендот што претстои настапувам на „Sliema Street Festival“, на 22 Август настапувам на „Sunset Boat Party“, а за наредните ќе најавам во иднина.


1.мк: И за крај кажи ни како публиката го прифати твојот жанр на електронска музика и дали ти си задоволен од тоа?

Жарко: Како што напоменав имав голема подршка од нашите Балканци, кои ја направија вечерта прекрасна и заедно со Малтажаните направија одлична атмосфера.


1.мк: Ти благодариме Жарко за посветеното време.

Жарко: Ви благодарам за подршката.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov