Македонија со тројца џудисти на Европскиот младински олимписки летен фестивал |
![]() |
![]() |
![]() |
Напишано од Unevski on Вторник, 07 Јули 2015 10:58 |
![]() Исклучително активниот со интернационални настапи период за македонските џудисти продолжува. По успешното претставување на балканското првенство кое се оддржа во Крајова, Романија, од кое Берна Шерифовска на Македонија и донесе бронзен медал и го задржа континуитетот на освојување на медали, и настапот на европското првенство за кадети и кадетки кое пред два дена заврши во Софија, Бугарија, македонските џудисти ќе земат учество и на Европскиот младински олимписки летен фестивал.
|