Кавадаречката, но и македонска поп дива, Наташа Малинкова повторно е во центарот на вниманието на македонската музичка сцена.
Откако на годинашното издание на „Макфест“ импресионираше со својата изведба на „Каде и да си“, Малинкова деновиве е актуелна со својот нов летен хит, синглот „Едно си ти“.
Песната која е дел од пакетот на заедничка соработка со нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов е вистинска летна „зараза“ која ќе остане во вашите уши уште по првото слушање.
Секако, освен аудиото, „Каде и да си“ ќе Ви понуди и визуелно уживање во кое покрај Малинкова и Аврамов се појавуваат уште два добро познати ликови од кавадаречката музичка сцена, еден од најдобрите хармоникаши Александар Ѓорѓевиќ и басистот на Smoke Shakers Орце Павлов. Видеото е дело на Sky Eye Entertainment, кои уште работеа на најновите видео записи на Ѓоко Танески, Емил Арсов и Симона Попоска.