Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ денес официјално го објави поширокиот список со играчи за предстојното Европско првенство.
На списокот на Џикиќ покрај Владо Илиевски се најдоа и Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб и Ѓорѓи Чековски, со тоа што последните тројца кошаркари ќе треба дополнително да се разговара со оглед на тоа што и тројцата имаат најавено пензионирање од националниот дрес.
Засега е сигурно дека на Џикиќ на располагање ќе му бидат Владо Илиевски, Предраг Самарџиски и Војдан и Дамјан Стојановски кои имаа важна улога во генерацијата која на ЕП 2011-та година во Литванија стигнаа до историското четврто место.
Поширокиот список на Александар Џикиќ: Владо Илиевски, Андреј Магдевски, Лестер Бо Мекејлеб, Александар Костоски, Димитар Караџовски, Димитар Мираковски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов, Ивица Димчевски, Владимир Брчков, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски, Кирил Николовски, Перо Антиќ, Бојан Крстевски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс, Марјан Јанески, Љубомир Младеновски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Маслинко.
Првата фаза од Европското првенство започнува на 5-ти септември, а Македонија ќе настапува во групата во Загреб каде што ќе се судри со репрезентациите на Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија.
|