Премиерлигата ќе започне со дербито Јунајтед-Тотенхем PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 17 Јуни 2015 12:38   

 

Дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе го отвори 24тото издание на англиската премиер лига, додека актуелниот шампион, тимот на Челзи одбраната на титулата ќе ја започне со навидум лесен дуел против Свонси на домашен терен.


Комплетниот распоред за новата премиерлигашка сезона беше немилосрден за Ливерпул, па избраниците на Брендон Роџерс во првите пет кола ќе играат дерби натпревари против Арсенал и Јунајтед, а пеколниот распоред ќе го комплетираат со најавените тешки гостувања кај Евертон, Тотенхем, Челси и Манчестер Сити. Од поинтересните натпревари, во првото коло Манчестер Сити ќе му гостува на Вест Бромвич, а Арсенал ќе го пречека Вест Хем.


Годинава, премиерлигата започнува на 8 август.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov