ВИДЕО: Слушнете го чочекот „Црно и бело“ на Александар Ѓорѓевиќ и Џамбо Агушев

 

Енергичниот и динамичен чочек „Црно и Бело“ на кавадарчанецот Александар Ѓорѓевиќ и неговиот гостин Џамбо Агушев, е вистински хит на интернет и тоа по само неколку часови од неговото објавување на глобалната мрежа.


Очигледно, инспиративноста и креативноста, надополнета со музичкото знаење и големото искуство од долгогодишните настапи со Димо Дулот и Трио Браво, кавадарчанецот Александар Ѓорѓевиќ кој патем важи за еден од најдобрите и најценетите хармоникаши во Македонија ги преточил во музичко парче кое е преодредено да биде вистински хит.


Креиран и продуциран во музичкото студио на Ѓорѓевиќ, „Црно и бело“ ги освојува симпатиите и на виртуозот Џамбо Агушев, кој и покрај бројните ангажмани низ целиот свет најде време со својата труба да гостува во првиот авторски проект на Ѓорѓевиќ.


„Црно и бело“ доби и своја видео приказна, зад која стои потписот на Компакт продукција, а е 
снимена на неколку локации ширум тиквешијата.


Задоволен од сработеното, но и од првичните реакции, авторот Ѓорѓевиќ најавува уште неколку интересни проекти, од кој многу наскоро ќе го слушнеме и новиот микс на Трио Браво.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov