По две децении, Реал Мадрид повторно на врвот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 17 Мај 2015 21:02   

 

20 Години подоцна историјата повторно се повторува. Две децении откако Реал Мадрид го совлада Олимпијакос и ја освои шампионската титула во Евролигата, кралскиот клуб повторно е на европскиот трон и тоа повторно по финалната победа над Олимпијакос со 78:59.


Грчкиот тим имаше подобар почеток и ја доби првата четвртина со 19:15, но до полувремето Реал го презеде водството и стигна до 35:28. Второто полувреме започна со серии на двете страни, но Реал ја задржа предноста, за во четвртиот период да ја потврди убедливата победа и да ја завери деветтата европска титула во својата клупска историја.


Керол со 16, односно Фернандез и Ночиони кој го доби и признанието за МВП на турнирот со по 12 поени беа најдобри реализатори во редовите на Реал Мадрид, а на спротивната страна Лоџески го заврши дуелот со 17 поени, што не беше доволно да се надополни лошиот ефект на Спанулис кој постигна само 3 поени за повеќе од 30 минути поминати на теренот.


Третото место на фајнл-форот му припадна на тимот на ЦСКА, кој беше подобар од Фенербахче со 86:80.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov