Швеѓанецот Зелмерлев прв фаворит на годинашниот Евросонг |
|
|
|
Напишано од Unevski on Четврток, 07 Мај 2015 09:36
|
Песната „Heroes“ во изведба на Манс Зелмерлев од Шведска е главен фаворит за победа на годинашното издание на Евровизија кое ќе се одржи во Виена.
Коефициентите за победа на „Heroes“ во Виена се движат меѓу 2,3 и 3 (околу 40 отсто шанси за победа). На второ место моментно, две недели пред натпреварот, е италијанското трио – Трио ил Воло со песната Grande Amore (коефициенти меѓу 3,7 и 5). Следува Австралија чиј кандидат Ги Себастиен на листата на фаворити се наоѓа на третото место со квоти од 4 до 5.
Шансите за победа на македонскиот претставник на Евровизија, Даниел Кајмаковски според бујкмејкерите се 0,99 отсто (коефициент 101).
|