Фудбалскиот сојуз на Шпанија го суспендира шампионатот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 07 Мај 2015 09:23   

 

Фудбалскиот сојуз на Шпанија денес објави дека поради спорт со владата за ТВ правата е приморан да го суспендира првенството.


Од владата бил донесен закон, според кој сите клубовите ќе добиваат 50% од заработувачката, додека Фудбалскиот сојуз ќе добие само 4,55% од приходот.


Покрај ова, на удар се и Реал Мадрид и Барселона, кои до сега од ТВ правата земаа многу повеќе пари од останатите клубови, но со новиот закон, тие ќе мора да се помират со делба на профитот со другите тимови.


Фудбалскиот сојуз на Шпанија на 16-ти мај нема да дозволи да се игра фудбал, па сите натпревари ќе бидат одложени. Покрај натпреварите во Примера, нема да се игра ниту финалето од Кралскиот Куп.


Сојузот притоа истакна дека и по три месеци преговори со владата, не успеале да постигнат компромис. Владата за сега се нема огласено околу оваа ситуација.


На три кола пред крајот во Примера, Барселона е лидер на табелата со два бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov