Во чест на Занети Интер ќе го повлече дресот со број 4 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 26 Април 2015 20:00   

 

Со специјална церемонија, на 4 мај фудбалскиот клуб Интер и официјално ќе му оддаде големо признание на легендарниот аргентински фудбалер Хавиер Занети кој дури 19 сезони го носеше дресот на „нероаѕурите“. Неговиот дрес со број „4“ ќе биде повлечен од употреба во знак на благодарност за целиот придонес што Занети го има дадено изминатите две децении за клубот од „Џузепе Меаца“.


Аргентинскиот десен бек беше првото засилување за Интер, во далечната 1995 година, во ерата на Масимо Морати, а остана верен до крајот на кариерата во 2014 година, по што доби и функција во раководството на клубот. Тој има одиграно најмногу натпревари во историјата на Интер, вкупно 858, и со оваа бројка е на второто место во Серија А, по Паоло Малдини, легендата на градскиот ривал Милан.


Занети со Интер освои вкупно 16 трофеи, од кои пет шампионски титули во Серија А, а во 2010 година крена рекордни пет пехари во една сезона како капитен на тимот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov