Напишано од Unevski on Недела, 26 Април 2015 12:12
|
Победите над Работнички и Карпош Соколки го ставија Фени Индустри во одлична позиција во трката за пласман на завршниот плејоф, но за да се остане на истата траекторија ќе треба да се добие и Кожув, кој по поразот од Куманово полека ги губи шансите за понатамошен прогрес.
Публиката како шести играч можеби ќе ја има клучната улога во натпреварот од четвртото суперлигашко коло, што го става Фени во исклучителна предност ако се знае колку жестоко може да биде во „Јасмин“, иако Кожув оваа сезона покажа дека знае да слави и на теренот во Кавадарци.
Но, дали Фени ќе ги зголеми шансите за пласман во најдобрата македонска четворка, или Кожув ќе остане во трката ќе видиме во натпреварот кој на програмата е во вторник, 28 април, со почеток во 19 часот.
|