Видео: „Последниот петок“ - документарен филм за Ристо Соколов Сокол

 

 border=

Во четвртокот, 16 април 2015 година, на Youtube каналот на фото студиото Експрес, премиерно беше емитуван краткиот документарен филм посветен на последната самостојна изложба на еден од најпознатите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол – „Ретро Арт – Нови моменти“, една од најпосетените ликовни изложби во Музеј – Галеријата на град Кавадарци и воопшто во Кавадаречките изложбени салони со децении наназад. Филмот е насловен „Последниот петок“, симболично според традицијата која Ристо Соколов ја имаше, своите изложби да ги отвора во вториот петок на декември.


Целосен автор на „Последниот петок“ е Тони Коцев, познат кавадаречки уметнички фотограф, еден од долгогодишните најблиски соработници на Ристо Соколов Сокол. Филмот е посвета на повеќедецениската плодна и искрена уметничка соработка на Ристо Соколов Сокол со фото студиото Експрес, а во филмот свој белег оставаат и сите оние кои на било каков начин беа дел од последната изложба на еден од најголемите македонски ликовни уметници. 


Емитувањето на краткиот филм „Последниот петок“ е неофицијална најава за почеток на уметнички настан посветен на творештвото и животот на Ристо Соколов Сокол, кој веќе од наредната година ќе се случува во Кавадарци на денот на неговото раѓање, 16 април, а во организација и со учество на неговите долгогодишни најблиски соработници од Македонија и други земји, од секаде каде го водеше неговата уметност. Бидејќи неговиот живот беше уметност, а уметноста беше негов живот.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov