Обрван го објави поширокиот список за двомечот со Франција PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 18 Април 2015 10:22   

 

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го објави поширокиот список од 28 ракометари за квалификациски двомеч против актуелниот светски и европски првак Франција, во квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година.


Покрај ракометарите што беа на Светското првенство во Катар, Обрван на поширокиот список ги додаде младите Марко Нелоски, Жарко Пешевски и Филип Талески, како и дебитантот на десната крилна позиција Никола Костески. На списокот ги нема Ванчо Димовски, Дарко Димитриевски, Влатко Јовчевски и Златко Даскаловски, а на списокот повторно се Горан Кузманоски, Лазе Мајнов и Влатко Митков.


На целосниот список со пријавени ракометари за дуелот со Франција се наоѓаат: Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митевски, Стефан Kимевски (голмани), Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Никола Kостески, Златко Мојсоски (крила), Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Игор Павловски, Никола Маркоски (пикери), Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Никола Стојчевски, Горан Kузманоски, Kирил Лазаров, Ренато Вугринец, Влатко Митков, Лазе Мајнов (бекови).


Македонија првиот дуел со Франција го игра во Скопје и тоа на 29 април со почеток во 20 часот и 15 минути, а реваншот е на 3 мај во Тулуз.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov