ГРК Лозари се пласираше во наредната фаза од националниот Куп PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 29 Март 2015 17:40   

И покрај отсуството на неколку играчи, што поради повреди, што поради суспензии, сепак спојот на младост и искуство надополнет со тренерската работа на професорот Блаже Велков го даде првиот резултат.


Градскиот ракометен клуб Лозари се пласираше во наредната фаза од македонскиот национален куп, откако денес во својот „Јасмин“ пред педесетина гледачи славеше победа над тимот на Младост од Богданци со резултат 25-21, полувреме 12-10.


Централниот бек на тимот од Кавадарци, Александар Темелковски имаше неверојатно шутерско шоу, постигнувајќи 9 гола, а покрај за него, голем број од заслугите одат и за голманот Марјан Велков.

 

<<<ФОТО>>>




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov