Познати имињата на победници на „Спелинг Би“ натпреварот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 28 Март 2015 23:25   

 

Денеска во Младинскиот центар „Креактив“ се оддржаа локалните квалификации за натпреварот во спелување англиски зборови „Спелинг Би 2015“.


Давид Кукувски, Михаил Галев, Душица Колева, Борис Митрев, Светлана Илова, Мартин Гогов, Елена Талева и Срњаков Ѓорги ќе патуваат на регионалниот „Спелинг Би“ натпревар кој на 18ти април ќе се оддржи во Велес, откако денес беа најдобри во силната конкуренција од 67 ученици од петто одделение до 4та година средно образование.

 

Националниот натпревар во „Спелинг Би“ во Македонија се реализира веќе 6 години, а за организација на локалните, регионалните и националните квалификации задолжени се волонтерите од Мировниот Корпус од Америка.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov