Влатко Стефановски е македонскиот крал на гитарата PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 23 Март 2015 00:40   

 

Влатко Стефановски е македонскиот крал на гитарата и тој епитет тешко ќе му биде одземен.


Двата врзани концерти во Домот на АРМ ја потврдија оваа негова титула, а преубавите аранжмани на „Не си го продавај Кољо Чифликот", „Џипси сонг", „Елено ќерко" и „Јовано Јованке" изведени во придружба на Камерниот гудачки оркестар од Словенечката филхармонија само ја воодушевија публиката, која воопшто не ги штедеше дланките по секоја изведена композиција.


Не знам дали да се претставам, јас сум Влатко Стефановски.ком.мк", рече гитаристот за време на првиот концерт кој траеше околу 90 минути.


На концертната изведба која го носеше името „Оган и мраз", покрај Влатко, предводник беше и флејтистот и саксафонист Васко Атанасовски. Нивната енергија зачинета со контрабасот, виолините и виолончелата на оркестарот направија вистински спектакл во салата која беше премала за да си собере сите оние кои сакаа да бидат дел од шоуто кое ќе остане да се памети.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov