Суарез го реши „Ел Класико“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 23 Март 2015 00:07   

 

Барселона и Реал Мадрид ги оправдаа очекувањата на фудбалските фанови и одиграа уште едно возбудливо „Ел Класико“ кое му припадна на домашниот тим.


Каталонците се реваншираа за поразот од првиот дел на првенството, победувајќи вечерва со 2:1 и зголемувајќи ја својата предност на четири бода пред најголемиот ривал за титулата.


Натпреварот започна со големата шанса на Роналдо кој ја погоди пречката, за во 19-та минута, по асистенција на Меси од слободен удар, Матје со глава го совлада Икер Касилјас за 1:0 за Барса. Следуваше притисок на гостите кои заслужено стигнаа до израмнување по фантастичната акција Модриќ-Бензема-Роналдо која Португалецот ја претвори во 1:1.


До крајот на полувремето Бејл и Роналдо пропуштија добри шанси за целосен пресврт, а првата шанса во вториот дел ја имаше Бензема чиј удар одлично го одбрани Браво.


Барса го направи решавачкиот потег во 56-та минута кога Алвеш испрати одлична долга топка кон Суарез, а овој по одличниот прием, успеа да го совлада Касилјас.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov