Astral Projection на „Скопје денс фестивал“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 26 Февруари 2015 22:50   

 

На 7 март, во арената „Борис Трајковски” во Скопје ќе се одржи „Скопје денс фестивал”.


Главни гости се израелскиот бенд „Астрал проџекшн”, а проектот го сочинуваат Ави Нисим и Лиор Перлмутер, кои се сметаат за пионери на електронската музика.


Тие се екстремно талентирани професионалци кои секогаш се стремат да го достигнат перфекционизмот.


Нивниот најнов албум се заснова на преработки на едни од најсаканите класици од гоа транс музиката, а тие ги преработија во нов, свеж и динамичен дух.


Настанот во Скопје е дел од светската турнеја, на која ќе биде промовиран нивниот најнов студиски албум издаден неодамна за “ТИП рекордс”.

 

Билетите се во продажба преку продажната мрежа на kupikartizase.com по промотивна цена од 400 денари.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov