ФФМ ги одреди цените на билетите за дуелот со Белорусија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 04 Февруари 2015 01:23   

 

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за квалификацискиот дуел против Белорусија кој на 27 март се игра на Националната Арена „Филип Втори“.


На денешната седница на Управниот одбор, ФФМ ги соопшти цените на билетите за квалфикацискиот натпревар против Белорусија, тие ќе се движат од 100 до 400 денари.


Во зависност од местоположбата, цените на јужната и северна трибина ќе се движат од 100 до 250 денари, додека влезниците за ВИП ложата ќе се продаваат по 400 денари.


По 100 денари ќе бидат билетите и за западната трибина, а на источната ќе биде бесплатен влезот за основците, како и за социјално ранливите категории и децата без родители.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov