Три Златни глобуси за „Boyhood“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 12 Јануари 2015 16:37   

 

Со доделувањето на Златните Глобуси вчера официјално започна холивудската сезона на награди.


Филмот „Boyhood“ беше номиниран во пет категории, а освои три Златни Глобуси, вклучувајќи го и оној за најдобар игран филм. Режисерот Ричард Линклатер, кој овој филм го снимал цели 12 години со истите актери го доби Златниот Глобус за најдобар режија, а актерката Патриша Аркет за најдобра споредна женска улога.


„Birdman“, сатиричниот филм за шоу бизнисот имаше седум номинации, а освои Златен Глобус за најдобро сценарио и најдобар актер во комедија или мјузикл. Сепак го изгуби Златниот Глобус за најдобра комедија или мјузикл од „Grand Budapest hotel“ на Вес Андерсон.


Џорџ Клуни ја доби наградата за животно дело, а на доделувањето се појави со беџ со натписот "Je suis Ćarlie" (Јас сум Шарли).




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov