Боно Вокс ќе биде фит до почетокот на светската турнеја PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 06 Јануари 2015 22:50   

 

Фронтменот на ирската рок-група „Ју ту", Боно Вокс, се уште закрепнува од велосипедската несреќа што ја доживеа на крајот на ноември, минатата година. Несреќниот Боно, во њујоршкиот Централ парк ги скршил надлактицата, клучната коска, лопатката, малиот прст на раката и коската на очната шуплина.


„Закрепнувањето е многу потешко отколку што очекував. Додека ова го пишувам се уште е неизвесно дали некогаш ќе можам да свирам гитара. Момците од бендот ме потсетија дека ниту тие, ниту западната цивилизација не зависат од тоа" - напишал Боно. Тој додал дека многу би му недостасувало уживањето на пребирање по гитарата, како и тоа дека и самиот знае дека ниту Еџ, ниту Џими Пејџ, или било кој друг гитарист, немаат лакт од титаниум.


Поради закрепнување од тешките повреди, фронтменот на групата „Ју ту" ги откажал сите јавни настапи кои биле закажани за првата половина на 2015 година. Сепак, тој се надева дека почетокот на светската турнеја во мај ќе ја дочека подготвен. Како што вели, на тоа мора добро да се сконцентрира.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov