Видео: Настапот на Smoke Shakers на Јелен Демофест

  

Кавадаречката инди рок група Smoke Shakers е третиот македонски состав кој по Кирил Џајковски и Супехикс настапил како ревијален бенд на најголемиот и најпрестижниот демофестивал на Балканот, Јелен Демофест.


Веселата кавадаречка рок дружина годинава имаше фантастичен настап пред десет илјадната публика која го исполни замокот во Бања Лука, загревајќи ја атмосферата до точка на вриење пред настапите на светски познатите Guano Apes и балканската рок атракција Хладно Пиво.


Причината за позитивната атмосфера која владееше во текот на сите 30 минути од настапот на кавадаречкиот бенд секако е и тоа што „Шејкерски“ на некој начин веќе се „одомаќинети“ во Бања Лука, бидејќи настапот како ревијален бенд на седмото издание на Јелен Демофест е трето по ред во последните 365 денови во градот на Врбас.


Секако, ниту третиот настап во Бања Лука не помина без новитети, па така момците од бендот и дадоа можност на босанската публика премиерно да ги слушнат нивните три нови песни, „Promise Land“, „Fun Bus“ и „Farewall“ кои заедно со претходните пет синглови го комплетираа 30 минутниот репертоар целосно составен од авторски песни.

 

Можноста да го видиме во целост ревијалниот настап на Smoke Shakers на седмиот Јелен Демофест конечно ја добивме и ние, откако пред неколку денови беше објавено видеото од нивниот целосен настап.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov