„Моторхед“ доаѓаат на „Егзит“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 16 Декември 2014 00:26   

 

Најдобриот европски фестивал, новосадскиот „Егзит“ својот петнаесети роденден ќе го прослави во голем стил.


Најновото издание на „Егзит“ кое од 9ти до 12 јули 2015 ќе се оддржи на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, доаѓа во целина со „ROCK@EXIT“ фестивалот, кој со голем успех беше лансиран месец дена пред „Егзит 2014“. Во чест на рокенролот, а на барање на армијата љубители на тврдиот звук, „Егзит“ ги најави првите изведувачи за 15тото издание на фестивалот, а меѓу нив се и британските хеви метал легенди „Моторхед“, на кои „Егзит“ им е една од станиците на славеничката турнеја по повод 40 години постоење, калифорниските рок шмекери „Иглс оф дет метал“, додека боите на домашната сцена ќе ги бранат „Шкртице“ , „Ајсбрн“ и „Гоблини“ .


Еден од најзначајните хард рок и хеви метал бендови на сите времиња, „Моторхед“, конечно стигнуваат на „Егзит 2015“ за на Петроварадинската тврдина, во рамки на јубилејната турнеја по повод 40 години постоење, во жесток ритам ги отсвират славните хитови Ace of Spades, Rock Out, Killed By Death, Overkill.


Легендарниот бенд е основан во дамнешната 1975 година од страна на басистот, фронтмен и автор на песните, Леми Килмистер (Lemmy Kilmister), една од највлијателните личности во историјата на хеви метал и рок сцената. Бендот, чија нумера ‘Heartbreaker’ од последниот албум ‘Aftershock’ неодамна беше номинирана за „Греми“ наградите, познат е по тоа што за време на сиве овие години упорно ја отфрла жанровската класификација на својата музика, а фронтменот Леми традиционално ги отпочнува нивните концерти со култната реченица: „Ние сме ’Моторхед’. Ние свириме рокенрол!“


Легендарниот британски бенд има огромна база обожуватели на просторите на поранешна Југославија, уште од шеесетите години кога фронтменот Килмистер, како еден од првите рокери кои свиреле овде, се сретна и со Јосип Броз Тито. И покрај долгата кариера, „Моторхед“ е многу продуктивен бенд: во јануари започнуваат со работа на својот 22 студиски албум со кој ќе ги прослават 40 години постоење на бендот, а некои од песните од овој албум ќе имаме прилика да ги чуеме и на Петроварадинска тврдина!


Како и претходните години, „Егзит“ за декемвриските купувачи на влезниците подготви фантастични попусти. Веќе се пуштени во продажба влезниците по цена од 3.199 денари за четирите дена на „Егзит“ фестивал на Петроварадинска тврдина.


Оние кои ќе купат комплет влезници во рамки на оваа акција ќе бидат наградени со влезница за „ЕГЗИТ АВАНТУРАТА“, односно добиваат бесплатна влезница за „Си денс“ фестивал, со услов за регистрација за „Си Денс“, која ќе се спроведува преку сајтот www.gigstix.com од 1. до 31. март 2015. Тоа е дури 70 отсто попуст во однос на регуларната цена за „ЕГЗИТ“ авантурата!


Истотака, во продажба се достапни и строго ограничен број влезници за три дена на „Си Денс“ фестивал по цена од 1.899 денари, што е дури 50 отсто попуст од регуларната цена!


Продажбата на влезниците во Македонија се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс и официјалното продажно место „Југотон“.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov