По четири години пауза, ново издание на Рок Фест PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 19 Ноември 2014 14:06   

 

По четири годишна пауза, најстарата организирана рок-манифстација во Македонија, РОК ФЕСТ повторно се активира. Оваа година фестивалот ќе ја одбележи 30-годишнината од своето постоење и ќе се одржи на 17 и на 18 декември 2014 година во МКЦ.


Сите заинтересиран групи може да се пријават на следниот e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Огласот трае до 5 декември 2014.


Апликацијата за пријава треба да содржи:
– Име на групата
– Град од кој потекнуваат
– Број на членови, име и презиме на членовите
– Три песни во MP3-формат
– Стил на музика
– Контакт телефон, e-mail, фејсбук профил


РОК ФЕСТ е најстарата организирана рок-манифстација во Македонија, низ која продефилирале повеќе од 1000 рок-дружини од земјава. Востановен е во далечната 1981 година, како „Македонски рок фестивал“, односно „Рок Фест“, за подоцна во 1991 година да го промени името во „Поп Рок Фест“. Конечно во 1999 година, повторно да се врати на своето изворно име „Рок Фест“.


Низ оваа манифестација, афирмацијата ја стекнале или барем како отскочна штица ја имале многу групи, што подоцна ќе бидат фактор во македонската музичка продукција. Меѓу нив се и „Автограм“, „Мизар“, „Цилиндер“, „Сарацени“, „Бадмингтонс“, „Архангел“, „Ласт Експедишн“, „Санаториум“, „Зијан“, „Ареа“, „Д`Далтонс“, „Културно Уметнички Работници“, „Верка“ и многу други.


Покровител на 30-годишното издание на РОК ФЕСТ е Министерство за култура на Република Македонија.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov