Џегер ја очекува премиерата на филмот за Џејмс Браун PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 03 Ноември 2014 01:12   

 

Филмот „Get On Up“ за животот на починатиот соул музичар Џејмс Браун ќе има светска премиера на 21 ноември. Продуцентот Мик Џегер открива дека бил инспириран да направи филм за еден од најголемите и најконтроверзните музичари на сите времиња.


Џегер и Браун се сретнале на почетокот на 60-тите години од минатиот век, по еден настап на Браун во Њујорк. Тогаш Џегер и покрај сите препреки успеал да влезе во собата на популарниот пејач.


– Сигурен сум дека тогаш тој воопшто не знаеше кој сум јас, но беше премногу љубезен кон мене, раскажува Џегер.


Втор пат се сретнале во 1964 година пред концертот во Санта Моника, кога Џегер морал да му соопшти на Браун дека наместо тогашниот негов главен настап, за тоа место биле избрани „Ролинг Стоунси“.


Мик Џегер за овој филм вложил 25 милиони долари. Многумина се прашуваат дали толкаво вложување ќе се исплати, имајќи предвид дека голем број луѓе го осудувале култниот пејач дека пред крајот на својот живот станал вистински скандал мајстор. Било откриено дека Браун ја тепал својата жена со метална прачка, а не е познат ниту бројот на неговите деца кои ги имал со различни жени.


Филмот „Get On Up“ го следи патот на Џејмс Браун од екстремна сиромаштија до богатство и светска слава, а во улогата на славниот пејач игра Чедвик Босем.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov