Новиот албум на U2 доживеа дебакл PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 27 Октомври 2014 00:00   

 

Новиот албум на групата Ју-Ту (U-2), кој спектакуларно и контраверзно беше бесплатно поделен на сите корисници на Ајтјунс во септември, немаше ни најмлаку блескав старт на американските топ листа, откако се појави во регуларна комерцијална продажба.


Во првите денови на продажбата во САД продадени се само 28 илјади примероци на албумот „Songs of Innocence“, што беше доволно за само деветото место на Билборд листата на најпродаваните албуми.


На прво место е албумот на кантри групата на Флорида, „Џорџија Лајн“ - „Anything Goes“, кој е продаден во 197.000 примероци.


Пејачот на Ју-Ту, Боно на сите корисници на Ајтјунс кои приговараа дека автоматски го добиле „Songs of Innocence“, иако не го барале, ниту го сакале им порача дека идејата албумот да им биде поклонет на стотина илјади корисници е одраз на „мегаломанијата и великодушноста, и помалку на желбата за самопромоцијата и на длабок страв, дека она во кое се внесовме во овие изминати неколку години од живот, нема да биде слушнато“.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov