Видео: „Ништо не остана“ од Александра Михова

Кавадаречкиот музички идол, Александра Михова пред речиси два месеца го најави, а денеска и официјално во пакет со видео спот го промовира својот најнов сингл „Ништо не остана“.

Емотивната балада која е дело на Столе Аврамов, а е продуцирана од Зоран Алексиќ доби и своја видео приказна на која работеше Илија Тодоровски, кој заедно со Алексиќ се водечкиот двоец на Sky Eye Entertainmet. Во спотот кој се снимаше на неколку локации во Кавадарци и кавадаречко, меѓу кои е и првото македонско 3D кино, покрај Александра се појавува и Петар Манчев.

 

Иако на интернет мрежата се појави пред неколку часови, најновиот сингл и спот на Михова предизвикаа големо внимание, а зошто е тоа така проверете самите.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov