Качер е најдобро платен ТВ актер PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 28 Август 2014 11:18   

 

Ештон Качер е најдобро платен телевизиски актер и за 2014 година. Качер веќе трета година по ред е на врвот на оваа листа, пред се благодарејќи на заработувачката од серијата „Два ипол мажи“ која се проценува на 26 милиони долари.


Неговиот колега од истата серија Џон Крајер е на второ место, изедначен со Марк Хармон од „NCIS“.


Секој од нив заработил по 19 милиони долари во изминатата година.


На трето место е Нел Патрик Харис со 18 милиони, а четвртото место го делат Патрик Демпси и Кевин Спејси со по 16 милиони долари.


Топ пет го затвора Тим Ален со 15 милиони долари.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov