Рохо пристигна во Манчестер, Нани во Лисабон PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 19 Август 2014 22:12   

 

Манчестер Јунајтед вечерва и официјално го потврди трансферот на Маркос Рохо. Аргентинскиот репрезентативец ќе го засили тимот на Луи ван Гал од Спортинг Лисабон, а во спротивна насока, во Португалија заминува Нани.


Англискиот клуб потврди дека двата клуба постигнале договор за трансферот за кој се претпоставува дека вреди 20 милиони евра, а Спортинг ќе добие 20 проценти од профитот ако Манчестер во иднина го продаде за сума поголема од 23 милиони евра. Останува уште Рохо да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот.


Истовремено, Нани за кого се знаеше дека е на трансфер листата на Јунајтед, заминува на заем во Спортинг каде ќе игра најмалку една сезона.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov