Гета сонувал соработка со Мајкл Џексон PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 19 Август 2014 21:58   

 

Иако има работено со најголемите имиња во музиката, како Ријана, Кели Роланд и Снуп Дог, Дејвид Гета признава дека сеуште сонува да направи песна со покојниот Крал на попот велејќи: „би било многу „јако“ да работам со Мајкл Џексон, но веќе е премногу доцна за тоа”.


Дејвид Гета е еден од најуспешните продуценти и диџеи во светот, а најголемите имиња во музиката постојано сакаат да работат со него. Според него причината за неговиот успех се крие во напорната работа во студиото и постојаните турнеи.


На прашањето каква е тајната на успехот, тој одговара дека треба да бидеш етичен кон сите. „Искрено, сметам дека професионалната етика е тајната на мојот успех. Ако ме прашате каква е тајната зад моите песни, ќе ви одговорам дека немам идеја. Во моментов работам на новиот албум и си кубам коса, бидејќи не можам да препознаам дали една песна ќе стане хит или не. Немам рецепт за успех. Животот би бил многу полесен, ако имаше рецепт за тоа“, завршува Гета.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov